Зимски салати

Според нутриционистите, секогаш  најпаметен и најздрав избор е кога се конзумираат сезонски намирници. Еве предлог од неколку забавни рецепти како да подготвите  вкусни зимски  несекојдневни салати.

Зимска салата со јаболка и чедар кашкавал

1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За да ја приготвите оваа салата, ќе ви биде потребно:

1 марула, исецкана на парчиња

1 јаболко, исецкано на резанки

1 мала црвена зелка, исецкана на мали долгнавести ленти
пола шоља ореви
чедар кашкавал, количински додадете по ваш вкус

Измешате малку оцет со маслиново масло заедно со сол и бибер, и едноставно
прелијте ја салатата.

Салата од моркови и портокали

carrot-salad-636

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

За да ја приготвите оваа салата, ќе ви биде потребно:

2 големи моркови
2 портокали
1 круша
китка поточарка

Исечкајте ги морковите на долги тенки ленти, портокалите на резанки, и заедно
со ливчињата на поточарка, убаво измешајте ги во сад.

Сос:
1 лажичка мед
3 лажички маслиново масло
сол и бибер
2 лажички сусам. Сусамот пропржете го сосем малку.

Сите состоќи за сосот, измешајте ти и прелијте ја убаво салатата со овој богат дресинг.

Салата од спанаќ, круша и ајсберг

spinach-pear-endive-477

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1 средна ајсберг салата
2 тврди круши
1 помала главица кромид
200 гр млад спанаќ

Крушите ги сечете на тенки резанки, кромидот го сечкате многу ситно, ајсбергот на поголеми парчиња
додека пак ливчињата од спанаќот,само измијте ги и исушете ги.

Сос:
2 лажички вински оцет
1 лажичка мед
1/2 лажичка сенф
2 лажици малиново масло

- Реклама -