Зимската Олимпијада низ бројки

Ова е втор пат Јужна Кореја да биде домаќин на Игрите – 33 години по Летната олимпијада во Сеул во 1988 година. На Азија ѝ е третпат. Во битката за домаќин на Игрите, Пјонгчанг ги порази Минхен, Германија и Анеси, Франција.

Следува селекција од неколку клучни и интересни факти и бројки избрани од страна на Форбс, а од повеќе аспекти на 23-тата Зимска Олимпијада, која ќе трае до 25-ти февруари.

За градот домаќин:

700: Метри надморска височина на која се наоѓа Пјонгчанг. Локалните жители веруваат дека ова е оптимална надморска височина за луѓето и животните, па го нарекуваат својот град „Среќните 700“.
43.700 : Број на население; ова е трет по големина град во Јужна Кореја и најмалиот град-домаќин од 1994 година, кога се одржаа натпреварите во Лилехамер, Норвешка.
180: Растојанието во километри од Пјонгчанг до главниот град Сеул.
80: Растојанието во километри до Демилитаризираната зона која ги дели Северна и Јужна Кореја.
Од 9 до +1: Прогнозираните средни најниски и највисоки температури во степени Целзиусови.

Пари:

12,9 милијарди долари: Трошоците за организирање на Зимската олимпијада во Пјонгчанг
Над 50 милијарди долари: Трошоците за Зимската олимпијада во Сочи во 2014 година
880 милиони долари: Финансискиот придонес на Меѓународниот олимписки комитет во организацијата на игрите.
22: Толку пати Coca-Cola била спонзор. Компанијата е долгогодишен партнер на Олимписките игри (од 1928 година).
Над 1.000: Бројот на бесконтактни терминали на Visa, која е ексклузивен партнер за плаќање, кои примаат плаќање преку мобилен и други акцесоари
450: Бројот на камери кои ќе се користат за телевизиското емитување на Игрите.
200: Бројот на земји кои ќе вршат пренос на Игрите.
5 милијарди: Бројот на луѓето кои ќе имаат пристап до телевизискиот пренос на Олимпијадата.

Капацитети:

13: Бројот на објектите кои се наоѓаат во Пјонгчанг и во соседниот град Гангнунг.
35.000 : Капацитетот на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг.
60 милиони долари: Трошоците за неговата изградба.
5.000-10.000 : Капацитетот со кој ќе биде намален по завршувањето на Игрите, кога ќе биде претворен во музеј за Олимпијадата.
51.130 : Бројот на вработените за време на Олимписките игри.
14.647 : Бројот на волонтерите, кои помагаат за непречено спроведување на игрите.
5 милиони : Бројот на порциите храна кои ќе бидат послужени во 13-те објекти, во Олимпиското село, во прес-центарот и други.
Над 1 милион: Бројот на билетите испечатени за Игрите.
18 долари: Најевтините билети.
74 долари: Повеќе од половина од билетите чинат помалку од оваа сума.
78%: Продадените билети досега.
276-878: Најскапите достапни билети за даден спорт – финалето на машкиот турнир во хокеј. Билетите за затворањето се тука некаде.

Спортски дисциплини:

102 : Рекорден број спортски дисциплини на игрите.
49 : Дисциплини за мажи.
44 : Дисциплини за жени, најмногу од сите зимски Олимпијади досега.
7 : Мешани дисциплини, исто рекорден број.
2 : Отворени дисциплини во кои мажите и жените се натпреваруваат меѓусебно
4 : Дисциплини кои имаат олимписко деби:
– Big Air во сноуборд
– Мешани двојки во карлинг
– Масовен старт во брзо лизгање на долги стази
– Мешани тимски натпревари во алпско скијање
2 : Број на дисциплините кои биле укинати по Олимпијадата во Сочи – паралелен слалом во сноуборд кај мажите и жените.

Медали:

147: Медали за мажи.
132: Медали за жени.
41: Бројот на медали што се очекува да ги освои Норвешка
586: Тежина на златните медали во грамови. Сребрените медали тежат 580 грама, а бронзените 493 грама.

Спортисти:

92: Рекордниот број на земји кои ќе учествуваат.
6: Земјите кои дебитираат на Зимската олимпијада – Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Нигерија и Сингапур.
2.952 : Вкупниот број на спортистите кои ќе земат учество на Олимпијадата.
43%: Процентот на спортистки.
Над 3.500 : Бројот на тренери и официјални лица кои ќе присуствуваат.
244: Бројот на американските спортисти. Најголемата делегација во историјата на Зимските олимписки игри.
22: Бројот на севернокорејските спортист. Настапуваат под заедничко знаме со јужнокорејските спортисти за време на церемонијата на отворањето.
169: Бројот на руските спортисти кои добиле индивидуална дозвола да се натпреваруваат, откако Русија доби забрана поради допинг скандал.
49: Возраста на финскиот натпреварувач во карлинг Томи Рантамеки, најстариот учесник на игрите. Ова е прва Олимпијада во неговата 30-годишна кариера.
15: Возраста на кинескиот скијач во дисциплината халфпајп скијање – Ву Менг. Тој е и најмладиот спортист на Игрите.
5 милиони долари: Годишниот приход на американската скијачка Линдзи Вон – највисоко платениот спортист на Олимпијадата.
3.6 милиони: Бројот на следбениците на Вон на  социјалните мрежи, повеќе од која и да било друга олимпијка.
4 милиони долари: Годишна приход на американскиот сноубордист Шон Вајт – најскапо платениот маж на игрите.

За прв пат:

  • Сестри ќе играат една против друга за различни земји во ист спорт. Хана Бранд ќе игра за женскиот хокеј тим на САД, а нејзината постара сестра Мариса, посвоена од Јужна Кореја на 4-месечна возраст, ќе игра за здружениот корејски тим.
  • Три Нигеријки се првиот тим од Африка кој ќе учествува во Олимписко боб санкање. Првата санка ја направиле пред 4 години, од дрво и стари делови.
    • Симиделе Адеагбо е првата спортистка од Африка која ќе учествува во женски скелетон.

Безбедност:

18.4 милиони долари: Трошоци за рентген скенери.
1.2 милиони долари: Трошоци за сајбер-безбедност.
5.000 : Бројот на јужнокорејски војници кои ќе го обезбедуваат игрите.
60.000 : Вкупниот број на мобилизираните сили за безбедност. Тука спаѓаат и: пресретнувачки дронови со способност да фрлаат мрежи врз сомнителни беспилотни летала што ќе се најдат во недозволени зони; детекциони радари со „пиштоли“ што го прекинуваат сигналот и можат да преземат контрола врз натрапнички дронови; сензорни системи кои „намирисуваат“ и детектираат разни експлозиви и хемиски агенти кои можат да бидат искористени како бојни отрови.
13.000 : Бројот на полициски службеници мобилизирани за игрите.

И најважното (за многу од спортистите):

110.000 : Бројот на кондоми што бесплатно ќе им бидат поделени на спортистите, по 37 по човек. Тоа е нов рекорд за Зимските олимписки игри.

- Реклама -