Зимница која се приготвува за 10-тина минути, без печење и лупење на пиперките

Оваа зимница од 10 минути можете во било кое време да си ја приготвувате и да си ја чувате во некој пластичен сад во фрижидер, па да си вадите по потреба, а може да си ја складирате и во тегла. За овој рецепт можете да погледнете и видео за деталите околу постапката, а подолу во текстот под видеото, можете да го прочитате оригиналниот рецепт за овој вид на пиперки со лукче. Пробајте и сами одлучете кој рецепт ќе го примените. Вкусот е феноменален како и да ги направите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-сите состојки се ставаат по вкус
Лук, сол, масло, оцет, црвени пиперки

ПОСТАПКА:

Десеттина црвени пиперки (колку што ви собира кога ќе се наредат врз плехот од рерна) убаво измијте ги и исчитете ги од дршката и семките (исто како за полнети пиперки).

Една главица лук исчистете и исечкајте ситно. Во еден сад ставете го сечканиот сад и додадете околу половина чаша оцет и исто толку масло, или по ваш вкус. Во друг сад ставете сол со лажиче.

Постапка: земете една пиперка, ставете во неа едно рамно лажиче сол, па пиперката ставете ја во плехот. Кога во сите пиперки ќе ставите сол, ставете ги во загреана рерна кратко да се запечат, но само колку да омекнат.

Извор

- Реклама -