Зимата е виновна

зимаРезултатите од неколку студии наведуваат кон заклучок дека кај бебиња родени во зима има поголем ризик од шизофренија, депресија и слични проблеми подоцна во животот. Една студија можеби има објаснување за оваа појава.

Кај лабараториски глувци било забележано дека однесувањето на одредени гени кои го контролираат биолошкиот часовник директно зависи од тоа колку време новородените глувци биле изложени на сончева светлина. Група истражувачи од Универзитетот од Алабама во Бирмингем одгледале една група глувци во услови кои одговараат на зима, со осум часа сончева светлина дневно, и втора група во услови кои одговараат на лето, со шестнеасет часа сончева светлина дневно.

Во следниот дел од тестот тие ги изложиле сите глувци или на истиот светлосен режим или на спротивниот уште дополнителни четири недели. Споредено со „летните“ глувци, кај „зимските“ гените кои го контролираат биолошкиот часовник биле активни во пократки периоди без оглед на изложеноста на сонце во дополнителните четири недели. Зимските глувци исто така биле поактивни ноќе, што наведува кон заклучок дека нивните биолошки часовници не одговараат комплетно на денот.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Научниците велат дека овие резултати се импресивни, но сепак предупредуваат дека ништо не е сигурно, и дека тие ќе мораат да направат дополнително истражување за да одредат каков ефект ќе има сончевата светлина кај луѓето. [Blame it on winter: Newborns’ exposure to daylight affects mental health for life]

- Реклама -