„Денес во паркот Чаир ја претставив мојата заложба за првите 100 дена како премиер.
Јас, како првиот премиер Албанец, сакам да се погрижам дека дури и они кои немале официјално работно место, но придонеле еднакво и дури повеќе од било кој од нас, не се оставени со празни раце“, соопшти денеска кандидатот за премиер Албанец – Насер Зибери, при посетата на скопската населба Чаир, најавувајќи социјални пензии за сите жени кои не исполнуваат услови за државна пензија.
„Зборувам за оние кои често се заборавени. Зборувам за нашите мајки и баби кои нѐ пораснаа и кои секогаш нѐ поддржувале, а не добиваат државна пензија бидејќи нивната работа не била официјална.
Една од првите активности како преимер ќе биде воведување на социјална пензија за сите жени кои не остваруваат право на пензија“, порача Зибери и преку Фејсбук.