За првпат во Македонија, на 17.02 во Скопје доаѓа германскиот Godfather of Techno и еден од најреспектираните артисти на техно сцената – Sven Väth.
За првпат во Македонија, на 17.02 во Скопје доаѓа германскиот Godfather of Techno и еден од најреспектираните артисти на техно сцената – Sven Väth.
Кариера на Sven Väth започнува во 1988 година со настап во легендарниот „Омен“ клуб во Франкфурт. Неговите албуми како "Accident in Paradise" и "The Harlekin, The Robot, & The Ballet Dancer" се обележја за новокомпонираната електронска музика.
Неговото присуство во Скопје месецов е дел од The Sound Of The Seventh Season World Tour 2007.
Последниот микс албум на техно-пионерот – The Sound Of The Seventh Season се состои од 2 диска едноставно наречени Day и Night.
Журката ќе се одржи на 17.02(сабота) на Скопскиот саем во организација на City Radio, UFO Production и Hard Rock. Легендарните маратонски сетови се својствени за Свен и прифатени насекаде низ светот. Очекувајте забава која ќе трае до раните утрински часови, со почеток во 21 часот. Картите на самиот влез чинат 800 денари. Се гледаме таму!
локална поддршка Iceberg(Club FM), Bobi(Club FM) и Passenger(Massiva Music)
{youtube}psnsT27_yp8{/youtube}