Жулиет Бинош- кратка средба, долга љубов

Една од најпопуларните и најбараните актерки, со голем спектар на улоги и филмови, и добитничка на големи признанија- меѓу кои и Оскар-, Жулиет Бинош беше најголемата атракција на овогодинешното и 35-то јубилејно издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Ведра, природна и професионална денес Жулиет се појави во Домот на културата во Битола пред нејзините обожаватели и медиуми, каде имавме прилика да ги слушнеме нејзините импресии од престојот во Македонија, да зборува за својата соработка со големите режисери, кинематографери, актери, а беше придружена од главната организаторка на настанот, Лабина Митевска.

20140914_110439

 

Од Македонија најголем впечаток и оставила посетата на Хераклеа, како и бројните манастири во Охрид.

За нејзиното искуство и соработка со врвниот Кристоф Кишловски (1941- 1996), кој беше еден од највлијателните современи полски режисери и сценаристи, во „Три бои: сино“ таа вели:

„Бев многу тажна за неговата загуба, бидејќи беше многу неочекувано. На неговиот погреб во Варшава, како што и во филмот „Три бои: сино“ има погреб, беше многу емотивно и барав знак од него за неговата присутност, кога одеднаш слушнав силна труба, и тогаш помислив- ова е сигирно тој. “

20140914_110602

Во однос на тоа како ги бира нејзините улоги, вели дека главен водител и е интуицијата и дека најчесто вели „да“ на проекти, но не знае во што точно се впушта.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

За важноста на кинематограферите таа изјави дека тие се „главната врска помеѓу актерот и публиката.

„Знаете, првиот човек кој го гледате додека се впуштате во карактерот кој го глумите е тој што е позади камерата. Тие се очите кои гледаат што си направил. И тие треба да бидат дел од мојот свет, тие го водат „бродот“.

20140914_110422

Последното прашање беше за дали е среќна во приватниот и професионалниот живот, таа рече дека постојано работи на тоа. „Несреќна сум кога сум поделена на две; но работам на поврзување со себе си“.

 

На овогодинешнот ИФФК „БраќаМанаки“ како дел од жири комисијата се Лазар Секуловски- декан на Драмски факултет, Симон Таншек- еден од првите кинематографери од Словенија, Срџан Драгоевиќ- директор на фотографија од Србија, и како директор на жирито е Гиора Бејач кој е и добитник на „Камера 300“.

20140914_100948

Тие од овогодинешните филмови очекуваат добри филмови, и ќе се фокусираат на камерата и фотографијата, а Лазар Секуловски низ шега рече: „Можеби со оваа присутна екипа од целата работа може да излезе еден проект филм“.

- Реклама -