„Жолтите елеци“ бесни: Терористичкиот напад во Стразбур е сценарио на Макрон и владата!

Француската влада денеска ги повика „жолтите елеци“ да се воздржат од протестирање за време на викендот, а како причина го наведе товарот на безбедносните сили кои се на висока готовност по терористичкиот напад на божиќниот панаѓур во Стразбур.

„Засега не ги забрануваме протестите… Не е наше да кажеме дали да се протестира или не“, изјави претставникот на владата Бенџамин Гриво за CNews, но ги повика демонстрантите да бидат „разумни“, особено по мерките кои ги вети францускиот претседател Емануел Макрон.

„Нашите безбедносни сили беа на терен исклучително многу во претходниве неколку недели. Во очи на нападот во Стразбур, би било подобро за сите ако си ја гледаме својата работа и ја поминеме саботата во мир, сега кога наближуваат крајот на годината и празниците со нашите семејства, наместо повторно да се протестира и на нашите безбедносни сили повторно да им отвориме работа“, изјави тој.

„НАПАДИТЕ СЕ СЦЕНАРИО!“

Според анкетите со многу од демонстрантите од редовите на „жолтите елеци“, овие повици не само што не допираат до нив, туку напротив. Имено, дел од нивните припадници ја обвинија француската влада дека го исценирала „терористичкиот“ напад во Стразбур, со примарна цел да ги засени протестите закажани за викендов.

Во пост на социјалните мрежи, членови од нивните редови истакнуваат дека нападот се случи само ден откако францускиот претседател Макрон им се обрати на „жолтите елеци“ и вети мерки за смирување на идните демонстрации, а тоа (тајмингот на нападот), според нив, не може да е обична коинциденција.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

„Нападот се случи ден по обраќањето на Макрон и пред планираните саботни демонстрации. Зар мислат дека вака можат да нé прават будали?“, вели еден од бројните коментари на постот.

 

Максим Никол, познат како едно од водечките имиња во движењето на „жолтите елеци“, сподели видео во кое расправа дека азилантот-напаѓач не би се решил да напаѓа релативно пуста улица доцна навечер за да изврши таков акт, туку наместо тоа би ја избрал Шанзелизе или некое далеку попроментно место.

„Макрон и владата намерно ги спроведоа нападите за да ја доведат земјата во вонредна состојба и да ги сузбијат протестите на жолтите елеци“, се надоврзува друг корисник.

Се разбира, има и коментари од луѓе кои сметаат дека обвинувањата се претерани, па им порачуваат на „жолтите елеци“ да ги смират страстите.

Некои други се потактични, па повикуваат протестите во сабота да се одржат, но со главен акцент против тероризмот.

Бесен е и Лорент Нунез – заменик министер за внатрешни работи на Франција. За радио „Франс Интер“ тој рече дека е свесен за „теориите на заговор“ што кружат околу нападот, но не ги оправда. „Навистина сум бесен; како може некој да рече такво нешто?“.

 

 

 

- Реклама -