Бразилската убавица Жизел Бундхен беше на мета на медиумите летово кога се зборуваше дека посетила клиника за естетска хирургија во Париз.
Ако се сеќавате на тие информации, Жизел на папараци фотографиите носеше бурка на главата, за да не биде препознаена додека ја напушта клиниката, но на нејзино разочарување тајната беше откриена.
Новите фотографии се доказ за вистинитоста на озборувањата.
Папараците повторно добро ја завршија својата работа и нивните фотографии со новите силиконски гради на Жизел го обиколија светот.