Жизел Бундхен без шминка: Мразам Фотошоп

Убавата Бразилка Жизел Бундхен од неодамна е заштитно лице на брендот BLK DNM. Тоа што ја направи посебна во новата кампања од сите останати е тоа што во неа не учствувала армија од шминкери и фризери, а „отказ“ доби и Фотошоп.

Жизел позираше пред објективот на дизајнерот и фотограф Јохан Линдеберг, а манекенката е одушевена од конечните резултати.

zizell

„Го сакам неговиот пристап затоа што мислам дека жената пред сѐ треба да биде природна, а тоа денес е вистинска реткост во оваа работа. Ние жените сме различни, а нашите неправилности се токму тие што нѐ прават единствени и убави. А Јохан сосема се согласува со тоа. Тој има камера и сака да се покажеш таква каква што навистина си. Тоа го сакам кај него“, рекла Жизел.

 

 

- Реклама -