Ви претставуваме една интересна серија од фотографии, дело на унгарскиот фотограф Габор Ерделви ( Gábor Erdélyi ).
Тој живее во близина на еден убав плоштад во крајбрежен кварт на Барселона, Шпанија. Во текот на повеќе од една година, Габор активно го следи „животот“ на една клупа , со тоа што често го фотографира она што се случува околу неа.
Кадрите го илустрираат секојдневието на раздвижениот плоштад, со акцент на клупата – група пријатели кои се собираат околу неа; луѓе кои седнале да одморат или заспале врз нејзините греди; деца кои си играат; вљубени кои се бакнуваат … Фотографот е во постојана подготвеност да овековечи интересни сцени околу најблиската клупа од својот балкон.
Дали некогаш сте размислувале за тоа со колку возбудливи ситуации можете да се судрите, ако анализирате некое конкретно место, што се разбира не е прозорецот на вашиот сосед?