Животните во скопската зоолошка се збунети и им фалат посетителите, вработените остануваат и по работното време за да ги дружат

Слоновите Дуња и Даела се научени на голем интерес од посетителите околу нивното живеалиште, па сега им е чудно дека градината е празна. На мечките Бим и Бум тоа не им пречи, па го користат времето за игра и забава. Дел од животните уживаат во пролетните сончеви денови и одмараат. Тоа посебно важи за големите мачки како тигрите и лавовите.

Но, слоновите, на пример, се научени на многу луѓе и периодов им е чудно. На нив вработените им посветуваат најголемо внимание, а колегите кои работат како нивни чувари често остануваат и по работното време за да се дружат со нив, велат негувателите од скопската зоолошка градина во разговор со „САКАМДАКАЖАМ.мк“. Морските лавови Кан и Гете исто така се збунети од отсуството на нивната редовна публика – луѓето кои се восхитуваат при нивните тренинзи. За среќа, си имаат и друга публика – патките.

Веќе еден месец во Зоолошката градина во Скопје нема посетители поради пандемијата на КОВИД-19. Сега во градината е неовообичаено тивко и мирно, нешто на што животните не се навикнати. Затоа негувателите поминуваат двојно повеќе време во градината за да играат со животните за тие да не се чувствуваат осамено. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

 

- Реклама -