Животни како излезени од кошмар

КошмариПриродата има создадено неброени чуда. Некои велат дека и самото постоење на животот е своевидно чудо. Но, по сè изгледа ниту природата не е совршена и понекогаш знае да направи грешки. Овие 8 животински видови кои изгледаат како да се излезени од нечиј кошмар се најдобар доказ за тоа.

Природата има создадено неброени чуда. Некои велат дека и самото постоење на животот е своевидно чудо. Но, по сè изгледа ниту природата не е совршена и понекогаш знае да направи грешки. Овие 8 животински видови кои изгледаат како да се излезени од нечиј кошмар се најдобар доказ за тоа.

Рибата од големите длабочини

Кошмари
Доколку некој ви ја покажеше оваа фотографија, сигурно ќе помислевте дека се работи за лоши ефекти во некој евтин хорор филм. Но, оваа риба постои. За среќа, живее во големите океански длабочини.

Сипа со заби

Кошмари
Се работи за редок вид сипа која живее во екстремните длабочини, а која е позната од само еден пронајден примерок. Научниците се фасцинирани со диспропорционалните пипци, но ние, обичните смртници не можеме да го тргнеме погледот од средината каде што има нешто што наликува на човечка уста.

Насмеан пајак

Кошмари
Не, ова не е шега. Насмеаниот пајак навистина има лошо нацртано смајли на грбот, а се мисли оти истото служи за одбивање предатори.

Пајак со раце и клешти

Кошмари
Изгледа како пајак, но не е. Се работи за шкорпијата без опашка. И покрај страшниот изглед, таа нема жлезди кои произведуваат отров и е релативно безопасна.

Мата Мата желка

koshmari5
Не, ова не е таен експеримент, ниту пак ефект од следниот филм за нинџа-желките. Мата Мата желката е јужноамерикански вид кој својот „шармантен“ изглед го користи како одбрана од предаторите.

Аје Аје лемур

Кошмари
Аје Аје лемурот е животно кое живее на Мадагаскар. Преголемите прсти ги користи за ископување црви. Домородците го сметаат за демонско животно и токму поради тоа, се наоѓа на работ на истребување.

Рибата со проѕирна глава

Рибата со проѕирна глава
Не може поедноставно да се опише оваа риба од океанските длабочини отколку – можете да гледате низ нејзината глава!

Рибата со стапица

Кошмари
Имињата како „ангелска риба“ или „чудесна риба“ кои се користат за овој вид некако не го опишуваат соодветно. Оваа риба има јадица закачено на главата и со неа лови риби. Барем сега знаеме кој го измислил рибарењето.

- Реклама -