Животни и пеперутки

Овие необични фотографии покажуваат како мноштво пеперутки комуницираат со различни животни.

Зошто? Од каде потребата за ваква дружба? Според едно објаснување, во принцип пеперутките се придвижуваат за време на миграција и овие фотографии доловуваат слични моменти. Друго објаснување е тоа што инсектите не можат да ги набават сите минерали од цвеќињата, од кои што имаат потреба. Затоа тие слетуваат на кожата на животните, богата со различни соли.

За луѓето со митолошки став, пеперутките ја претставуваат душата или свеста во многу култури во светот.

Кинезите, Грците и Римјаните верувале токму во тоа. Во Јапонија,  една пеперутка значи посета на некој близок, додека многу пеперутки укажуваат на лош знак.

Маче си игра со пеперутка

1

Алигатори со пеперутки

2

Маче и пеперутка

4

Невозможна љубов

5

Љубопитност

6

Камелеон и пеперутка

7

Маче кое се обидува да фати пеперутка

8

Гуштер и пеперутка

9

- Реклама -