И покрај тоа што супермасивните црни дупки најверојатно се најдеструктивната сила во вселената, еден Руски космолог теоризира дека во нив можеби има услови за живот. Вјачеслав Докучаев дури вели дека ако живот се развил во супермасивна црна дупка, тој би еволуирал во најнапредната цивилизација во галаксијата.
Супермасивните црни дупки претставуваат толку силна гравитациона сила што привлекуваат сè околу нив, па дури и светлина, и сè што поминува низ нивниот хоризонт исчезнува засекогаш. Но сега Докучаев, од Московскиот Институт за Нуклеарно Истражување од Руската Академија на Науки, вели дека постоечките докази заедно со ново истражување создава нови интересни можности за одреден тип на црни дупки. Во внатрешноста на поларизирана, ротирачка црна дупка постојат региони во кои фотоните можат да преживеат во стабилни периодични орбити.
Докучаев специјализира во проучување на тие орбити и нивната динамика. Тој шпекулира, во студија објавена во интернет публикацијата arXiv на Корнел Универзитетот, дека ако има стабилни орбити за фотони, не постои причина зошто не би можело да има стабилни орбити за поголеми предмети, како планети. Проблемот е што тие стабилни орбити би постоеле само откако ќе се помине прагот на хоризонтот, каде што времето и просторот се спојуваат. Хоризонтот, на крајот на црната дупка, е познат како точко од која нема враќање.
Но, зад хоризонтот се наоѓа таканеречениот Коши хоризон, каде што времето и просторот се враќаат во стабилна состојба. Според Докучаев Коши хоризонтот е местото каде што би можел да настане живот. Сепак, типот на живот кој би можел да постои во тие услови – каде што бил подложен на масивни и менливи гравитациони сили – би еволуирал повеќе од нас. Живото кој би можел да постои таму најверојатно би бил цивилизација рангирана како Тип III на Кардашевата Скала. Скалата има четири нивоа – Тип 0, I, II и III. Човештвото сè уште нема достигнато Тип I статус.
„Внатрешноста на супермасивните црни дупки би можеле да бидат населени од напредни цивилизации… невидливи од надворешноста“ вели Докучаев. Иако тоа е морничава мисла, предлогот на Докучаев може да остане само теорија. Бидејќи ништо не може да излезе од црна дупка поради нејзината огромна гравитациона сила, никогаш нема да дознаеме дали теоријата е точна. [Life could exist inside a supermassive black hole, claims Russian cosmologist Vjacheslav Dokuchaev]