Живот во контејнер? Да, молам!

Очигледно, транспортните контејнери се одлични во улогата на дом или викендица ако не ви е потребен премногу простор. Една архитектонска фирма од Коста Рика уште еднаш докажа дека можете да „набуткате“ одлични нешта во мал простор и дека животот во контејнер не само што не е лош, туку е и убав.

1025[1]

Дизајнот во целост го искористува малиот простор  и нуди дом со повеќе од доволно слобода за да се чувствувате удобно во него.

736-600x800[1]

Во „контејнерот“ можат да спијат и до 4 луѓе, а има и доволно простор за забава или вечера со пријателите, во форма на кровна тераса поплочена со дрвен под. До неа се стигнува преку скала сместена на едната страна на домот.

540-600x800[1]

Внатрешноста е уредена во природни земјени тонови, кои ви даваат чувство на топлина и интимност, во која придонесува и благото LED oсветлување. „Дневната соба“ има стаклена лизгачка врата која води кон тремот и овозможува прекрасен поглед кон надвор. Иста таква има и бањата.

Прочитајте и:  Зимата и затворениот прoстор значат поголема опасност од мувла

435-600x800[1]

Кујната е опремена со шпорет со две рингли, мало фрижидерче и микробранова сместена меѓу висечките комоди во кујната. Веднаш до кујната има трпезариска маса за четворица, на вовлекување, перфектна за вечера или за работа.

341-600x450[1]

Креветите се наоѓаат на крајот на контејнерот, а секој кревет има свој мал прозорец, за да го осветли малиот простор. Има и брачен кревет вграден во ѕидот во „дневната“, кој по потреба можете да го отворите, на пример ако ви дојдат гости, или не ви се спие во кревети на спрат.

sq9-600x450[1]

634-600x800[1]

256-600x800[1]

- Реклама -