Букурешт , главниот град на Романија, е прекрасен град полн со прекрасна архитектура и богата историја.
Но, буквално под неговите убави улици се наоѓа некој друг свет, закопан по падот на Романската комунистичка диктатура – еден свет на канализација и заборавени сирачиња.
Оваа подземна мрежа на одводни канали е дом на изгубени и заборавени души во градот, од кои повеќето имаат ХИВ. Канализацијата и нивниот крал Брус Ли , беа предмет на неодамна објавениот краток филм.
Канализацијата е остаток од големиот план на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску да спроведе централно греење на градот. Иако овој план не вроди со плод , разурнатата инфраструктура им послужи на сираците кои што беа заборавени , по падот на неговата диктатура.