Последните два века до сега беа најдобриот период во човековата историја.
Иако обележана со трагедија, оваа приказна во целина, претставува немилосрден тримф: тримф над болестите, над сиромаштијата и над прераната смрт.
„ Пред индустриската револуција, животниот век бил околу 30 години“, вели Don Bordreaux на предавањето на Универзитетот Marginal Revolution.
„Денес во Америка животниот век трае околу 80 години. Пред индустриската револуција, едно од пет деца починало пред својата петта година. Денес, во развиените држави веројатноста дека ќе се случи нешто такво е 1 према 200“, заклучува Don Bordreaux.
Сме заборавиле дека животот пред индустриската револуција не напредувал постојано. Стандардот на живот стагнирал со децении и векови. Масовната глад и болести не било лесно да се сотрат. Ова е, според неговите зборови стап во хокејот на човековиот просперитет. Ако го претставиме животниот стандард на човековата раса преку графикон, тој воглавно би бил рамна линија се до моментот кога доживува експанзија на пораст во последните 200 години, благодарение на бројните достигнувања.