На денешен датум, 6 јули, во 00:10 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје, А.Л. (32) од село Арачиново поднел пријава дека пред неговата куќа биле слушнати истрели од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле увид на местото на настанот и пронашле седум чаури од пиштолска муниција, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат потребните мерки за целосно расчистување на случајот.