Жирантската клетва

1039007.48[1]

Да се пишеш жирант на нечив кредит е тешка одлука. Дали треба или не секогаш зависи од ситуација до ситуација, ама во целото тоа море од фактори, еве еден не така мал податок што може да ви помогне да се решите (да не потпишете): 38 проценти од жирантите завршуваат плаќајќи го кредитот на кој се потпишале.

Новото истражување/анкета на CreditCards.com, спроведено на 2.000 жиранти, покажува дека:

• 38% од потпишувачите морале да исплатат дел или целиот кредит, бидејќи главниот зајмувач не ги исплаќал ратите

• 28% завршиле со пад во кредитоспособноста, како резултат на неплаќањето на главниот зајмувач

• 26% од испитаниците рекле дека жирантството им ги нарушило односите со тие за кои потпишале кредит

Ние во Македонија имаме и многу пострашни примери, но еве, колку да се знае дека не е само до нас. Којзнае, можеби е клетва.

- Реклама -