Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува сите патници дека жичницата на Водно нема да работи денес, 8 април 2026 година, поради силен ветер. „Ветерот ја надминува границата на безбедност потребна за непречено функционирање на жичницата. Надлежните служби активно ја следат ситуацијата и во моментот кога временските услови ќе се подобрат, жичницата повторно ќе започне со превоз на патниците“, велат од ЈСП.




