Сестрите Кардашијан ѝ се најдоа на мета и не ги штедела…
Моделот Амбер Роуз, која во минатото беше во врска со раперот Канје Вест, ја нарекла Ким Кардашијан ку*ва за време на расправија на Твитер со нејзината сестра Клои Кардашијан.
Семејството Кардашијан очигледно многу се имаат скарано со Амбер, која Кајли Џенер ја нарекла дете кое мора да оди на спиење во 19 часот, а му порачала на нејзиниот наводен дечко Тиг дека треба да му биде срам што оди со 17-годишна девојка.
Клои ѝ возвратила нарекувајќи ја стриптизета, но ни тогаш Амбер не „останала покуса“:
„Среќна сум што не потсети на фактот дека сум била стриптизета кога имав 15 години… Ќе бидам таа мала ку*ва за да му помогнам на моето семејство, исто како и твојата сестра која е исто така ку*ва.“
Потоа Амбер објавила и фотографија на Инстаграм на која пишува:
„Кога твојата золва ја нарекува твојата поранешна девојка стриптизета, а твојата сопруга има свое секс видео“, а на фотографијата е Канје со изрази на лицето.
„Не се сеќавам дека некогаш сум те нарекла ку*ва… Но на крајот на денот веројатно поголемиот број на луѓе сакаат да нарекуваат ку*ви. Тоа е најлесно. Така, како што е, но ние и понатаму сме живи“, одговорила Клои преку Твитер.