Кајли и Тига се само неколку месеци во врска, а веќе својата љубов јавно ја промовираат.
Животот на младата Кајли Џенер е се’ само не здодевен. Пред неколку недели таа наполни 18 години и уживаше во роденденска забава каква што многумина можат само да сонуваат. Уживаше во прегратката на момчето Тига кој тогаш ѝ подари, ни повеќе ни помалку, Ферари. Но, тоа не е се’.
Иако тие се заедно само неколку месеци, Тига одлучи дека е време за голем чекор- Кајли ја доби улогата во неговиот спот. Во спотот за песната „Stimulated“ Тига и Кајли разменуваат нежности.
„Велат дека е млада и дека треба да почека“, пее Тига, а Кајли изгледа како вистинска заводничка.