Жените навистина можат да го скратат животот на мажот со своите грижи и стрес, особено ако тој е на средна возраст , пренесува Би Би Си.
Загрижените сопруги можат да го удвојат ризикот од предвремена смрт на мажите на средна возраст во споредба со оние на кои им се посреќило со смиреност во домот.
Стресот од постојаните расправии со роднини , пријатели и соседи , пак, можат тројно да го зголемат ризикот .
„Мажите изгледаат особено ранливи од срамот и барањата што произлегуваат од нивните жени ” – вели д -р Рике Лунд од универзитетот на Копенхаген.
Најранливи се оние кои не работат . Невработеноста го зголемува негативното влијание на стресни социјални односи.