Женскиот мозок, во просек, е помлад од машкиот, и е подобро снабден со крв, откриваат група американски научници.
Истражувачите анализирале резултати od позитронска емисиска томографија (PET) кај 205 возрасни лица, а резултатите укажуваат на тоа дека полот влијае на стареењето на мозокот и има влијание на не/склоноста кон развој на невродегенеративни заболувања, како што е Алцхајмеровата болест, на пример.
Мозокот кај секој од испитаниците бил скениран по пет до шест пати, со цел да се воочи локалната потрошувачка на глукоза и кислород, како и протокот на крв во мозокот. Со помош на компјутерската технологија и врз основа на метаболизмот во мозокот, потоа била одредена староста на секој од учесниците.
Се покажало дека женскиот мозок е нешто помлад во однос на реалната старост кај жените. Иако разликата е мала, оваа студија ги потврдува претходните анализи според кои женскиот мозок, спореден со машкиот, покажува помал губиток на мозочен проток на крв по пубертетот, подобро разградување на глукозата во младоста и помал губиток на одредени типови на експресија на мозочните гени.