Женскиот мозок е помал, но поефикасен

Жените можеби имаат помал мозок, но тој е поефикасен од оној на мажите.

Научниците долго време ги интригираше тоа како жените може да бидат исто или поинтелигентни од мажите иако нивниот мозок е помал за осум проценти.

Во студијата на истражувачите од универзитетите во Лос Анџелес и во Мадрид, чии резултати се објавени во магазинот „Intelligence” стои дека кај жените големината на мозокот не е важна затоа што овој орган кај нив едноставно подобро функционира.

Во текот на истражувањето биле извршени тестови за интелигенција на група мажи и жени.

timthumb

И покрај фактот дека имаат помал мозок, жените биле поуспешни во размислувањето и во поединечни математички тестови. Исто така, биле подобри и во следење на променливи ситуации, додека мажите имале подобри резултати на полето просторна интелигенција.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Истражувачите заклучиле дека женскиот мозок е способен да изврши компликувани задачи и тоа со помалку енергија.

„Жените покажаа поголема ефикасност со користење на помал невронски материјал“, се истакнува во студијата на американските и шпанските научници.

- Реклама -