Женската фудбалска репрезентација на Македонија во Охрид ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство.
Селекторот Александар Андов го повика следниот состав за натпреварите против Андора и Азербејџан: Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје), Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера), Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера), Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера), Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера), Канита Емини (ЖФК Истатов), Настасија Накова (ЖФК Љуботен), Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица), Ана Марија Цветковска (WFC Langhus), Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција), Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера), Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда), Ева Величковска (ЖФК Љуботен), Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих), Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014), Андреа Коловска (ЖФК Истастов), Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед), Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен) и Илза Максути (ЖФК Љуботен).
Првиот натпревар против Андора е закажан за 5-ти јуни во Ла Вела, со почеток во 19:30 часот. Четири дена подоцна, Македонија ќе биде домаќин на Азербејџан во Битола, а натпреварот ќе стартува во 19:00 часот.




