Жените што се шишаат само за мажачка

kosa_kina1

Жените од етникумот Јао во Кина ја шишаат косата само еднаш во текот на животот. Традиционално, тоа се прави кога ќе се омажат. Во меѓувреме, воглавно ја носат замотана под марами.

Кога се шишаш еднаш во животот, не е чудо косата да ти порасне и до 2.3 метра, како што е тоа случај со женскиот дел од популацијата на Јао. Сепак, тоа не ги спречува да учествуваат во традиционалниот фестивал кој се одржува секој април и го слави доаѓањето на пролетта. Зошто би ги спречувало? Затоа што подразбира групен собир на брегот на реката и миење на косите во студената вода…

Логично, племево е влезено во Гинисовата книга на рекорди, како село со жители со најдолга коса на светот. А за долгата коса, барем во нивните кругови, се верува дека е носител на долговечност, благосостојба и добра среќа за целото семејство.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

2 3 4 5 6 7 8 9 10

- Реклама -