Жените секој ден нанесуваат 515 хемикалии на кожата

kremaЖените на своето лице и тело секој ден нанесуваат во просек 515 хемикалии користејќи ги производите за нега на кожата и декоративната козметика. Некои од овие хемикалии се многу штетни.


kozmetikaЖените на своето лице и тело секој ден нанесуваат во просек 515 хемикалии користејќи ги производите за нега на кожата и декоративната козметика. Некои од овие хемикалии се многу штетни.

Научниците заклучија дека просечната жена дневно користи 13 козметички производи. Секој од нив содржи дваесетина состојки, вклучувајќи ги и адитивите.

Кога следниот пат ќе застанете пред излог преполн со прекрасни шишенца и кутивчиња барајќи нова сенка, маскара или кармин, помислете на предупредувањата на научниците: Карминот во просек содржи 33 хемикалии, лосионот за тело 32, маскарата 29, а најчистиот од сите производи, хидратнатната крема за раце дури 11.

Парфемите на пример, просечно содржат 250 состојки, додека некои од нив достигнуваат вртоглава бројка од 400 хемиски супстанци.

Една од три жени помлади од 25 години редовно користи производи наменети за постари од 40 години, а тоа значи дека непотребно се изложени на потенцијално опасните состојки наменети за позрела кожа.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Непожелни хемикалии има во шампоните, купките, пените за туширање, во пастите за заби. Особено се штетни натриумот и содиумот лаурил сулфат, пропилен гликол и разните фталати од лаковите за нокти, лаковите за коса и парфемите. Со нив се поврзува ракот на дојката, неполодноста кај жените и деформација на фетусот.

Во студијата која ја направи компанијата Bionsen, позната по прозводството на природна препаративна козметика, се истакнува дека во нивните дезодоранси нема алуминиумови и цирониумови соли, ни други штетни состојки кои се доведуваат во врска со туморите, хормонските пореметувања, кожни болести и алергиите.

„Третманите за убавина драстично се променети. Од дневното одржување хигиена и нега на кожата прераснаат во ритуали кои не пропуштаат ниту еден елемент – од секојдневното нанесување на подлоги за тенот до редовниот маникир, ставање лажни трепки и прицврстување екстензии“, изјави Шарлот Смит од Bionsen за британскиот Sun. „Новите чудесни третмани содржат сè повеќе хемикалии за да може да се постигнат што е можно подобри резултати, а тоа значи дека жените се сè повеќе во опасност.“

- Реклама -