Најновите критики за стилот на војвотката од Кембриџ доаѓааат од самиот врв на модата.
За време на неодамнешното излегување од болницата Св. Мери во Лондон со новородената принцеза Шарлот Елизабет Дијана, Кејт Мидлтон носеше бело-жолт фустан од британската дизајнерка Џени Пакхем. И додека коментирите ширум светот за модниот избор на војвотката беа позитивни, со нив не се согласуваат- модните експерти. Владее мислењето дека нејзиниот стил не е забавен.
Некогашната уредничка на италијанскиот и актуелната уредничка на јапонскиот „Vague“ Ана Дело Русо, стилот на војвотката го опиша како старомоден.
„Кејт Мидлтон е прилично старомодна, но кога облекува проѕирни хулахопки, тоа изгледа многу авангардно. Кејт е личност која и таквата работа може да ја напарви модерна“, рекла познатата уредничка.
Како и да го оценуваат нејзиниот стил, сè што носи Кејт, во рекордно време се продава, а дизајнерите на таа облека, задоволно ги тријат рацете.