Жените се најсреќни во педесеттите

Научниците излегоа со официјален став дека претставничките на понежниот пол се најсреќни во педесеттите години од својот живот. Според нивните истражувања токму на таа возраст жените започнуваат да уживаат во сексуалниот живот и воедно целокупниот однос со партнерот.

Во истражувањето учествувале 1 500 жени на возраст од 20 до 65 години. Според резултатите 49% од возрасните жени изјавиле дека се чувствуваат искрено среќни по 50. година, дека минимум секоја петта жена на таа возраст го искусила најголемото задоволство од сексуалните активности и имала сексуален однос минимум еднаш неделно за разлика од 20-годишните жени.

Portrait of mature woman sitting in countryside

Во групата на осамени жени над педесеттите 11% биле корисници на сајтовите за запознавање, додека пак од 20-годишните жени на таков потег се осудиле 16%.

Експертите сметаат дека 50% од жените во брак признале дека во петтата декада од животот започнале поквалитетно да го поминуваат времето со партнерот. Тие исто така започнале поблиски односи со своите ќерки, а 64 % од нив своите деца ги сметале за пријатели.

Дури 85% од повозрасните жени посакуваат поисполнет и поактивен стил на секојдневие.

- Реклама -