Жените сакаат да практикуваат 4 пати повеќе секс, отколку што добиваат сега, покажува истражувањето на сајтот UKMedix.Има десетина причини кои што ги спречуваат жените да имаат онолку секс во текот на неделата, колку што сакаат. Често тие се многу изморени од работата и другите обврски, па штом се заседнат на каучот, не можат повеќе да станат од замор. Или доколку не вршат активности во домаќинството, тие удобно се сместуваат со книга или далечинскиот управувач од телевизорот во рака.
Понекогаш желбата за секс помеѓу двајцата партнери се појавува во различно време. Тој, на пример сака секс наутро, а таа сака пред да си легнат. Децата и цимерите исто се сметаат за препреки на честиот сексуален живот.
Од друга страна премногу занимации сместени во спалната ги оддалечуваат луѓето. Понекогаш дамите, а и не само тие, преферираат да го разгледаат омилениот сајт за шопинг, наместо да имаат секс.
Стресот и проблемите во работата, парите и обврските дома, исто така влијаат врз либидото. Во овој контекст, не треба да се заборават и здравствените причини. Депресијата, болките во зглобовите и најразлични други состојби ја убиваат желбата за секс или го прават сексот непријатен.
Физичката или емоционална несигурност може да предизвика проблеми на интимноста. Често на жените не им се допаѓа сопственото тело, мажите пак се загрижени од проблеми со ерекцијата. Понекогаш едноставно нема сексуална привлечност меѓу партнерите.