Жените не знаат кај им е вагината

Woman's part of body, hip and waist

Во едно неодамнешно истражување учествуваа 100 Британки. 44% од нив не можеа да ја идентификуваат вагината на медицинска илустрација од женскиот репродуктивен систем. Уште повеќе од нив не знаеја да ја идентификуваат вулвата – дури 60%. Сума сумарум, само една третина од испитаните жени знаела точно да ги препознае шесте ознаки – вулвата, цервиксот, матката, јајцеводите и јајниците – на дијаграмот.

Колку и да звучи шокантно степенот на незнаење, тој не е ограничен само на Велика Британија. Едно помало истражување спроведено врз 236 студенти на американските колеџи од 2010 година, го даде следниот резултат: 74% од мажите и 46% од жените не успеваат да го идентификуваат цервиксот, а дури 80% од мажите и 62% од жените не знаат правилно да ја лоцираат вагината. Спротивно на тоа, 73% од жените и 56% од мажите во Америка успешно го идентификуваат клиторисот, барем на дијаграм.

„Недостатокот од основно познавање на женското тело е есктремно загрижувачки. Како можеме да очекуваме жените да знаат што да бараат кога се во прашање промени во нивната вагина или вулва, или да бидат свесни за знаците и симптомите на гинеколошкиот рак, ако не се свесни за своите тела?“, прашува Трејси Мајлс од Eve Appeal (хуманитарна организација која работи на покренување на свеста и финансирање на истражувања околу гинеколошките тумори), стравувајќи дека жените кои недоволно знаат за своето тело се изложени на поголем ризик.

Други експерти не се сложуваат дека вокабуларот е така важен. „Иако е загрижувачко што толку малку жените имаат основно познавање на своите тела, уште поважно е на луѓето да им биде удобно на својот доктор да му зборуваат за своите тела, знаејќи или не знаејќи ги точните називи на деловите“, вели Хелен Стоукс-Лампард, портпаролка на Кралскиот колеџ на Велика Британија. „Важно е луѓето да разберат што е за нив нормално, така што кога ќе забележат промена на телото или во здравјето, да бидат свесни за тоа и да побараат помош“.

Измерената сериозност на непознавањето на своето тело во Британија е мошне иронична со оглед на тоа што во британските училишта сексуалната едукација е дел од наставниот план и програма уште од 1993 година. Очигледно е дека и покрај тоа што научното сексуално образование доаѓа до многу ученици, постои голема дупка во основното познавање на репродуктивната анатомија и здравјето.

Сексуално образование во школите или не, ај да не се праиме и ние Енглези, важи?

 

- Реклама -