Жените можат да препознаат психопати и нарцисоиди, дури и кога се пијани

Едно ново истражување покажува дека жените можат да ги „провалат“ машките кои го имаат во нив „мрачното тројство“ карактеристики, па дури и кога се под гас.

Алкохолот во главно е лоша работа, нѐ тера да правиме глупости, од типот да испушиш 3 кутии цигари или да изедеш два хамбургера вечерта. Сепак, има една работа за која не можеме да го обвиниме – способноста да препознаеме нарцисоидни, макијавелистички и психопатски типови.

Истражувачкиот тим предвотен од др. Гејл Бруер во универзитетот во Ливерпул  проучува како консумирањето алкохол влијае врз размислувањето на жените во врска со машките кои ги поседуваат карактеристиките на „мрачното тројство“.

Што открија?

Дека сепак жените и по пола флаша вотка можат да препознаат класичен макијавелистички дркаџија и тежок нарцисоиден серко.

Надоврзувајќи се на истражувањето, дека во принцип на жените и кога се трезни не им се допаѓаат ликовите на луѓето со висок степен мрачни карактеристики, пробаа тоа да го испитаат и со по некоја чашка алкохол плус, односно дали алкохолот ќе успее да ги занемари истиве карактеристики во главата на жената.

Испитани беа 90 жени на возраст од 18 до 28 години кои гледаат фотографии од мажи чии лица се изманипулирани дека демонстрираат висок степен на мрачни особини. За жал, не постои гримаса која би алудирала на тоа дали е некој психопат или нарцисоиден.

Наместо тоа, научниците се послужиле со старата добра техника „морфинг“.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Морфинг е она кога се преклопуваат две лица, од едно во друго, како на спотот на Мајкл Џексон (Black or White) ви текнува?

Епа така и во истражувањево, научниците земаат фотографија од личноста со висок степен на психопатија и ја „морфуваат“ со нормална личност, односно со контролирана личност.

Многу битен податок е тоа што научниците не користеле лица кои се дијагностицирани со клиничка психопатија или нарцисоидност туку само лица кои имаат поизразени мрачни особини и тоа утврдени по пополнувањето на обичен формулар. Сите ние ги имаме тие особини само кај некого се бајаги поизразени, кај некого не.

Како и да е, жените веднаш реагирале на лицата со поизразени мрачни особини и ги гледале како понепривлечни па дури и опасни, сето ова плус и на неколку чашки алкохол.

На крајот, др. Гејл Бруер констатира дека сепак оваа способност на жените да ги лоцираат изразените мрачни страни кај мажите претставува еволутивна предност за жените.

Се надева дека еден ден ќе направи испитување само кај жени кои биле „изгорени“ од страна на мажи со вакви особини. „Би било интересно да  провериме дали жените кои имале лоши искуства со ваков тип мажи се поосетливи на овие лица“

Наравоучение:

Немојте да го кривите алкохолот дека сте спиеле со психопат или нарцисоид. Тоа само значи дека немате способност да процените карактер …

- Реклама -