Жените кои си ја најдоа љубовта на журката организирана од работа

pred3

Кој од вас си ја најде љубовта на годинешнава предновогодишна журка организирана од работа?

Кога викам љубов, мислам дека наслутувате, се работи за хард кор лапање и малку од она што би можело да се класифицира како секс. Само трошка од контакт со луѓето што прави да се чувствуваме помалку осамени на крајот на суровата, здодевна година. Ајде, кренете ги рацете. Иако на хартија може да изгледа дека  ова е  „најнесекси“ периодот во годината (евтина пијачка, непријатно друштво и мачни разговори се единственото нешто што таа вечер го нуди), има многу што се „чепнале“ со некои од колегите за кои никогаш не се надевале дека ќе се случи тоа.

Но, забавите организирани од работа не се секогаш само смотано тетеравење во темнината што засекогаш ќе не прогонува. Според едно (сосема сигурно и апсолутно научно) истражување кое неделава ми се појави во инбокс – една од седум  жени запловува во долга врска со колега.

Од моето искуство, единствената „расипана“ работа што некогаш ми се случила на предновогодишна журка од работа е кога една од колешките ми го покажа својот градник. Ма да мислам дека тоа не се ни однесуваше на мене.

pred2

Се запознав со мојата идна девојка 

Кајли Левелин)

16 декември, 2006 година. Работев како редар во еден театар во Вест Енд, и нашата предновогодишна журка се одвиваше по завршувањето на претставата во Ројал театарот во Друри Лејн.

Седам на валканите скали, прилично задоволна со новите Rip Curl тренерки со капуљача. Девојката, да ја наречеме Дениз, доаѓа и седнува до мене. Дениз е толку убава, срце да ти застане, хетеросексуалка  е и еднаш има излезено со еден дечко од рекламите за путер од кикирики, јас сум ван нејзина лига. Морам да напоменам дека носев сомотски ѕвонарки, уште ја немав совладано техниката за белеење на веѓите, па секогаш изгледав како шокирана, со изѕверени очи и отворена уста.

Како и да е, разговаравме за општи ствари, сé додека не дојде моментот  да ме праша нешто за кое дури сега знам дека беше ЦРВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ. „Значи, ти си лезбејка? Не можам да замислам како изгледа лижење на една жена…“.

Во моментов, со лезбејски стаж, подолг од десет години, имам наушено дека хетеросексуалните девојки обично не го поставуваат тоа прашање. Не трошат многу време  за размислување за тоа како да се пристапи кон оралниот секс со жена, бидејќи, шо знам, претпоставувам дека веројатно сакаат само кубас. Но, стрејт девојките кои постајно посакуваат да се „смуваат“  женска, најверојатно сакаат да се напијат и да пикнат некоја лезбејка во ќош и да и` го постават тоа прашање. Но, тогаш немав појма, па и` реков искрено:  „Не знам, за мене тоа е нормално. Ми се допаѓа“.

pred1

Се вљубив во Дениз како во никој пред тоа. Таа се декларираше како геј. Ја озваничивме врската. Пораснавме заедно. Една на друга си помогнавме да станеме подобри личности. А потоа по пет години живеење заедно таа ме побара… се зезам, ме излажа, и ми го скина срцето на парчиња.

Но, еве го шокантниот пресврт:  Сé си расчистивме и сега е една од моите најблиски пријателки. Класично лезбејско однесување.

И сето тоа поради едно предновогодишно парти – Кајли Левелин

ПРЕДНОВОГОДИШНИТЕ  ОД РАБОТА СЕ НАЈЛОШИ

Луси Хенкок

Никогаш во животот не сум била во можност да  замислам понепогодна  атмосфера за „љубов од бајка“. За некои луѓе, токму овој тип на забава претставува супер можност за романса. Јас дефинитивно не работев на такви места. Во мојата фирма, предновогодишната забава започнува на таписонот околу масите, со брановидни пластични чаши во рацете, додека разговарам со жената од сметководството, на која повеќе би  и` испратила меил, отколку да ја гледам.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Доколку си вработен во „креативната индустрија“, може да се јави амбиција журката да добие илузија на гламурот. Неминовно, таа ќе се пресели во некој изнајмен бар, каде што ќе ви дозволат да се стрчате накај шанкот како чопор кртови. Каде и да се одвива забавата, единствената личност од фирмата која некогаш ви се допаѓала ќе си замине дисцилпинирано во 11, со изговор дека утре мора да стане порано зошто има работа со девојката, некоја жена што никој не  познава. После тоа ќе треба да се шуткаш наоколу и  на еден суптилен начин да ја саботираш својата кариера, за што ќе станеш свесна дури следната година. И покрај фактот што апсолутно никој не си поминува добро, шармот на шанкот е толкав што ќе ги привлече сите присутни, како изгорени молци што полека се дават во стопениот восок на црквената свеќа.

За тоа време шефицата командува од тоалетот, а типот од  сметководството кој пие „јегер-ред бул“ ти  признава дека од секогаш ја мразел својата жена и ти за некакво чудо започнуваш да флертуваш со ИТ техничарот. Тоа може, но не мора да се заврши со пијан секс во неговата гајба – Луси Хенкок

СЕ ВЉУБИВ ВО СВОЈАТА РАБОТА

Нел Фризи

За мене, зборот романса секогаш котирал во подолниот дел на списокот на приоритети кога се во прашање журките, не сметајќи го она кога мојот стар колега Бен го извлече едното јајце низ шлицот и се обиде да ми се истрие од раката, додека Гок Ван на соседната маса си играше со своето куче. Но, морам да признаам дека на една предновогодишна забава се вљубив.

Имав 25 години, штотуку се преселив во Лондон, и живеев во стан обложен со мувла, со поглед накај „Лидл“. Не бев среќна, но благодарение на хормонската спирала  и на фактот дека ја сменив работата, почнав да се сеќавам како е да се биде среќен. Журката се случуваше во „Шант“, сега затворен клуб кој се наоѓаше во железничкиот тунел кај Лондон бриџ. Работев во таа добротворна организација помалку од месец дена. Веднаш се подготвив и тргнав. Кога влегов внатре здогледав цел овал со пенливи вина и својот богат филантропски шеф во своите дреч шарени патики, како живо разговара со келнерката. Пиевме, новогодишната елка ни служеше како пепелник, неколку повитки мажи во елеци се лигавеа во гардеробата, а јас ги прашував колегите кого би можеле да го издлабиме и да го искористиме како кајак во случај на апокалипса.

stories-of-women-finding-love-at-the-office-christmas-party-205-1449236287

За прв пат по подолго време, работев со млади луѓе кои ме засмејуваа и ја мразеа Нова година, ама сакаа да се бацуваат и влечат по гардеробите. Ме плаќаа  за да пишувам, повеќе не морав да продавам овошни сокови „Рибен“, а  можев и да се возам со метро, наместо со автобус.

Токму тогаш и таму се вљубив. Не во некоја личност, туку во мојата работа. Поминаа неколку месеци, може и цела година пред да спијам со било кој од нив – Нел Фризи

Извор: Вајс

 

 

 

 

 

 

 

- Реклама -