На 21.11.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Д.(36) од Гостивар поради сомнение дека извршила кражба во бутик во трговски центар во Гостивар, информира СВР Тетово. Од неа биле одземени предметите и биле вратени на сопственикот.
С.Д. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Полицијата информира дека, исто така вчера во 9.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во гардероберот и на тројца вработени им одзела пари.
Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.