Женева 2017: BMW подготвува специјално купе

BMW подготвува лансирање на нова модификација на каросеријата M4, која ќе се распореди меѓу стандардниот модел и неговата хардкор-верзија M4 GTS. Машината беше откриена случајно за време на презентирање на нејзината официјална реклама, а свое деби ќе има во Женева.

Според првичните податоци, новиот спортски автомобил ќе се вика BMW M4 CS (кратенката може да се дескриптира како Competition Sport). Баварците веќе понудија слично купе, но тоа беше само за пазарот во Шпанија, каде што беа пуштени 60 примероци. Сега сепак очигледно станува збор за глобален модел. Судејки според фотографиите, M4 CS ќе се разликува од стандардната верзија, најмногу по големиот спојлер на багажникот, а исто така и по предниот сплитер, новите фелни, јаглеродните механизми за сопирачките и ревидираната оптика.

BMW M4 CS ќе добие 3,0-литарски Твин-турбо мотор со 6 цилиндри, кој кај стандардниот модел со дополнителен пакет Competition Package развива 450 КС, а кај BMW M4 GTS – 500 КС. За разлика од најмоќната опција, новата верзија нема да има ќелија за безбедност и карбонски седишта. Суспензијата исто така ќе биде поудобна.

Автоплус

- Реклама -