Женева 2016: Премиера на новото Renault Scenic

696_2017-Renault-Grand-Scenic-front-three-quarters-rendering[1]

По 20 години присуство на пазарот, три генерации, неколку специјални верзии и продадени речиси 5.000.000 единици, за време на меѓународниот салон во Женева, Renault ќе ја претстави четврта генерација на пионерот кај моноволуменските мултифункционални изведби- Scenic.

509_RENAULT-SCENIC-GT-dynamique-750x410[1]Претставувањето на  новата генерација на Scenic во Женева, од Renault, треба да биде едно од најспектакуларните премиерни остварувања во швајцарската метропола. Во оваа фаза есигурно  дека возило ќе се појави со релативно познат дизајн инспириран од актуелните Megane, Talisman и Kadjar. Тоа значи дека во предниот дел ќе  доминира  голема хромирана маска, опкружена со издолжени кон крилата фарови. Што се однесува до техниката, исто така, не треба да се очекуваат изненадувања. Погонот ќе доаѓа од познати бензински мотори, како и турбодизел со различна моќност. Предвидено е и верзија со EDC автоматска трансмисија.

Во недостаток на уште поконкретни детали, од компанијата нé враќаат назад во времето со видео-презентација на главните моменти во историјата на моделот.

Автоплус

- Реклама -