Женева 2016: Поспортски дизајн за следниот Civic

popup_140_Honda-1000-2

Следната генерација на Honda Civic, како сугерира прототипот на моделот, претставен на автомобилскиот салон во Женева, ќе има далеку поспортски дизајн.

popup_209_Honda-1000-1

На крајот на февруари фотографии на прототипот се најдоа во медиумите, а сега Honda официјално го претстави возилото. Хечбекот е со пет врати за Европа и ќе биде за 30 mm поширок, за 20 mm понизок и 130 mm подолг. Civic е многу близу со актуелниот дизајн на брендот кога станува збор за предниот дел, но во задниот има повеќе интересни детали – посебно обликувани задни LED светла и два спојлери, еден на работ на покривот  и еден под задниот браник, во долниот дел каде игра улога на дифузер.

popup_734_Honda-1000-3

Од Honda сеуште нема поединости за ентериерот, но се претпоставува дека тој ќе е сличен на верзиите седан и купе, кои веќе дебитираја во САД. Продажбата на следната генерација Honda Civic во Европа ќе стартуваат во почетокот на 2017 година. Палетата мотори вклучува 1,0-литарски 3-цилиндресрки мотор и 1,5-литарски со четири цилиндри, како и два бензински i-VTEC, а фановите на дизелите ќе добијат освежена верзија на 1.6-литарскиот i-DTEC кој ќе се одликува со поголема моќност и помала потрошувачка. Клиентите на новиот Civic ќе можат да избираат дали нивниот автомобил ќе е со 6-брзински мануелен менувач или со CVT трансмисија.

popup_201_Honda-1000-4

Производството на Civic за Европа ќе биде во Swindon, во Англија, а сериската верзија на новиот модел треба да дебитира на саемот во Париз во октомври.

popup_789_Honda-1000-5

Автоплус

- Реклама -