BMW објави дека ќе ги продава од јули оваа година своите хибридни модели под брендот iPerformance. На веќе познатите хибридни модели се приклучува и 740e, кој ќе го видиме во Женева.
Возилото располага со 4-цилиндерски бензински мотор, помогнат од електромотор за системска моќност од 326 КЅ. Според производителот, потрошувачката на гориво е 2,1 литри на 100 километри, во мешан режим.
Така, од март во палетата на iPerformance ќе се најдат моделите X5 xDrive40e, 740Le, 330e и 2 Active Tourer 225xe. на кои наскоро ќе се приклучат и нови претставници.