Во Женева елитната британска марка претставува релативно компактен двосед прототип, кој го носи името EXP 10 Speed 6, чија сериска верзија ќе е наменета за младите обожаватели на брзината и луксузот во едно.
За Британците Speed 6 претставува историско име, бидејќи, како што е познато, токму Speed Six е најуспешен спортски модел на брендот. И сега, на салонот крај Женевското Езеро стана јасно дека ова име може да биде за моделот кој ќе биде исто така успешен. Од Bentley изјавија дека автомобилот не е само прототип, туку поглед во иднината на марката. Во основата на EXP 10 Speed 6 лежи платформата на Volkswagen MSB, на која се базирани автомобили од брендовите Audi, Bentley и Porsche. Соодветно на тоа, вграден е V-twin осумцилиндерски 4,0 битурбо мотор, позајмен од Audi. Моќта во случајов надминува 500 коњски сили, а со него ова двосед купе ќе може да достигне брзина од 320 km/h.
Идејата е сериската верзија на Bentley EXP 10 Speed 6 да привлече млади и богати луѓе, кои до овој момент збираат слични автомобили од марките Jaguar, Aston Martin, Mercedes-AMG и Maserati. Bentley EXP 10 Speed 6 ќе чини околу 200.000 долари. Поради насоченоста на новиот производ се наметнуваат и радикални измени на дизајнот. Кај EXP 10 Speed 6 тој веќе не е толку конзервативен, се забележуваат нетипични за брендот релјефни браници и врати, а и визуелно полесна силуета. Изгледот на светлата од Bentley го дефинираат како “разигран“, што за британската марка може да се смета за своевидна револуција. Одредени зафати несфатливи за брендот има и во внатрешноста. Формите таму исто така „лесни“, но не недостасува тешката аристократска визија.
За ова најјасно сугерира промената на стандардните копчиња со сензорни панели. Од брендот рекоа во Женева, дека тоа не е сè. Очекувањата се за радикална ренесанса, која ќе се одржи и надградува во наредните три години. Во овој период ќе бидат модернизирани сите бази на брендот, а за оваа цел ќе бидат потрошени 840 милиони фунти. Со овие пари ќе се прошири и научно-техничкиот центар и ќе биде подготвен за развој на нови модели, вклучувајќи и го EXP 10 Speed 6 – иден автомобил, наменет за млади богаташи.