Жената за која не сме слушнале – генијалната сестра на Моцарт

Марија Ана Моцарт била мала генијалка, како и нејзиниот брат Волфганг, но нејзината музичка кариера завршила заедно со нејзините тинејџерски години.
„Ти пишувам со ерекција на главата и се плашам да не ја запалам косата“, напишала Марија Ана, позната како Нанерл во писмото до нејзиниот брат Амадеус. Кога вели ерекција, мисли на големата фризура која ја подигнале врз нејзината глава, непосредно пред да позира за семејниот портрет.

На сликата која што се наоѓа во Моцартхаус, односно во станот на Моцарт во Виена, недалеку од влезната врата, братот и сестрата седат зад клавирот, со испреплетени раце, додека свират. И тоа е еден од показателите дека славниот музичар имал сестра, која знаела да свири како и тој, ако не и подобро.

maria-ana-mocart-foto-profimedia-1441818772-737223

Тешко е да се дојде до информации за Нанерл, бидејќи дури и ако се фрлите на проучување на биографијата на Моцарт, нема да пронајдете многу за неговата сестра.  Најголемо богатство при вакво истражување се семејните писма.  Постојат стотици пораки, а истите се сочувани благодарение на нивната постара сестра.

Марија Ана била дете на генијалци па со братот патувала на турнеи низ Европа и заедно настапувале.

Постојат неколку рецензии во кои се воздигнува работата на Нанерл, со тоа што таа дури прва започнала да заработува од нивните настапи. Тоа траело се до нејзиниот 18 роденден.

Девојчето настапувало и одело на турнеи, и не и било необично да свири, но доколку една млада жена продолжела да се занимава со толку „машка“ професија, таа би ризикувала да ја загуби својата репутација.

Така, во еден момент едноставно била оставена, а нејзиниот татко го повел само својот син на следното патување низ Европа. Нанерл никогаш повеќе не застанала пред публика, а впрочем никој не ја ни прашал како се чувствува поради тоа.

maria-ana-mocart-foto-profimedia-1441818747-737221

Покрај тоа што требала да стисне заби и да продолжи без поплаки, таа никогаш не се откажала од својот сон. Пишувала музика и им ги праќала своите композиции на нејзиниот татко и нејзиниот брат. Волфганг ги нарекувал прекрасни и ја поттикнувал да продолжи да пишува, а колку што е познато, нивниот татко не сакал да ја коментира оваа тема.

Не се знае дали продолжила со компонирање или не, бидејќи нејзината музика не успеала да преживее. Можеби никому не му ги покажувала новите композиции, можеби ги уништила, можеби ќе ги откриеме во иднина…

Претставата „Другиот Моцарт“ е на турнеја веќе две години, а наскоро ќе се прикажува по 100 пат и тоа во близина на местото на кое што некогаш Марија Ана свирела во Лондон, па така уште еднаш, 250 години подоцна, ќе ги воодушеви гледачите.

- Реклама -