Жената што зажали за глупата тетоважа на градите

Ја гледате фацава? Ова е ликот на глупите и погрешните одлуки и животот поминат во каење.

Ова е Адел Смит, 28-годишна. Донела, вели, една импулсивна одлука, поради која сега нема маж што сака да ја погледне.

Адел толку многу си го сакала кучето Макс, што за неговиот осми роденден (просечен очекуван животен век за неговата раса) решила да си ги истетовира неговите шепи на градите, да ѝ бидат вечен потсетник и кога ќе го нема.

Тетоважата ја направила во 2007-ма, а оттогаш, веќе 10 години, љубовниот живот ѝ е сосема уништен. 10 години немала ниту една љубовна врска со маж.

„Ова требаше да биде убав гест, израз на љубовта кон мојот љубимец. Намерата ми беше кога и да ја видам тетоважата да се сетам на Макс. Наместо тоа, сега кога ќе си ги погледнам градите, помислувам само на тоа колку голема грешка направив“, очајува очајничката.

Тогаш имала 18 години. Така млада, полетна и тетовирана, „често ги вадела цицките и ги покажувала своите тетоважи“ (има една и од шепите на нејзиниот зајак, ама на друго место) додека студирала на универзитетот во Портсмут.

Од времето кога мислела дека е кул.

Почнало да ѝ станува заштитен знак. Но набрзо, за помалку од година, почнале да пристигнуваат и негативни коментари. Машките ѝ смислувале секакви прекари, а тие што ја знаеле ја завикале „Paw Tits“.

„Сега сите имаат само негативни коментари. Кога ќе запознаам некој нов, тоа е првото и главното нешто кое го забележува на мене.

Во суштина, впечатоците на сите луѓе се сведуваат на моите гради и тетоважата, наместо на мојата личност. Сега, кога ќе видам дека нечиј поглед оди надоле кон моите гради, затреперувам и посакувам да пропаднам во земја од срам.

Стигнав дотаму што ги мразам моите гради и мојот живот. Почнав да носам ролка и во лето. Порадо ќе пливам во пот отколку луѓето да ми ја видат тетоважата. Мажите сега имаат целосно погрешен впечаток за мене, и сите мислат дека сум лесна“.

Макс, кривецот.

Сепак, има надеж. Во моментов, вели, собира пари за отстранување на тетоважата. Процесот ќе трае 18 месеци (тетовирањето траело 1 час) и ќе ја чини 1.000 фунти, но Адел едвај чека.

Збогум, и со среќа, Paw Tits. Нема да те заборавиме.

- Реклама -