Додека за многумина е тешко да се сетат што јаделе вчера за појадок, Џил Прајс памти сè што видела и доживеала во нејзиниот живот толку живописно како да и се случува во тој момент. Запознајте ја жената која не заборава ништо.
Додека за многумина е тешко да се сетат што јаделе вчера за појадок,
Џил Прајс памти сè што видела и доживеала во нејзиниот живот толку
живописно како да и се случува во тој момент. Запознајте ја жената
која не заборава ништо.
Тројцата научници кои го проучуваа нејзиниот случај, одлучија дека тој заслужува посебно име – hyperthymestic синдром, што на старогрчки би значело „неверојатна меморија“- а има и зошто.
Џил Прајс не ги памети само датите и деталите на сите значајни настани кои се случиле во светот, нејзината меморија е уште пофасцинантна кога се сеќава за настаните во нејзиниот живот, толку детално што може да ви каже кој и дошол на гости или што јадела на одреден датум.
И пред да си помислите дека да се има таква неверојатна меморија е голема предност, замислете си го ова: Џил Прајс ги памти сите тажни и лоши моменти во нејзиниот живот, толку детално, како да се случуваат токму во тој момент. Времето е лек за сите рани, но не и за Џил Прајс.