Жена со скриена камера го снимила животот во Рага, Сирија

Вооружени мажи насекаде. Мајка со автомат калашников на рамо го придружува детето до лулашките. Маж, вози автомобил, запира и и вели на жената да го покрие лицето, објаснувајќи и дека: „Господ сака кога жените  се покриени.”

Жена во интернет кафе разговара на чист француски со мајка си, раскажувајќи дека нема да се врати дома во Франција: „Не го презедов ризикот да дојдам тука за да се вратам во Франција сега”, вели таа.

Светот доби ретка можност да види како изгледа животот сирискиот град Рага, кој падна во рацете на исламистите пред 18 месеци и во моментов се јавува како главен град на нивната држава.

Тоа се случи благодарение на неименувана сириска жена која со ризик за својот живот успева да се прошета со скриена камера под својот никаб.

Видеото е направено по идеја на францускиот телевизиски канал France 2 и беше поставено на YouTube. Според информациите од истото околу 150 француски жени во моментов живеат заедно со исламистите во Северна Сирија, откако заминале таму како џихад невести на екстремисти.

- Реклама -