Риалити ѕвездата Ким Кардашијан беше избрана за жена на годината на почесните годишни награди на списанието “GQ”, кои се одржаа синоќа во Лондон.Придружувана од својот сопруг Кание Вест, кој не можеше да ги тргне рацете од неа, Ким ја доби наградата лично од уредникот на списанието Дилан Џонс.
Џонс не ја претстави Ким со презимето на нејзиниот сопруг „Вест”, но на сцената сопругата на раперот се погрижи сите да научат за тоа.
„Јас сум Ким Кардашијан Вест. Сакам да им се заблагодарам на GQ дека ме направија жена на годината, како и на мојот сопруг, кој ме тера да се чувствувам жена секој ден” , рече бринетата. Ким беше облечена во тоалета од есенско-зимската колекција за 2014-та на Ralph & Russo.
Самиот Вест не можеше да ја скрие радоста и гордоста од својата сопруга, која не престана да ја прегрнува цела ноќ.