Жена на Фејсбук го обвини пејачот дека го „купува“ синот, а тој и врати на начин што боли

Кристијан Цетински е дете на хрватскиот пејач Тони Цетински од првиот брак на кој пејачот со Антонела Бутиган.
Кристијан наполни 18 години, а неговиот татко отпатува за Штутгарт, со цел да го изненади синот кој живее таму.

Screenshot_5

„Изненадување на синот и пристигнување за неговиот 18-ти роденден за кое тој не знае. Непроценливо. А сега одиме да ја купиме ветената гитара. Ако ова ти е најубавиот ден во животот сине, како што велиш, знај дека мојот најубав ден во животот ми беше кога се роди ти. Пред 18 години на денешен ден. Среќен роденден сине.❤ Те сака татко“, напишал Тони Цетински на својот Фејсбук профил.

Screenshot_6

И покрај тоа што роденденската прослава на неговиот син беше идилична, бидејќи сподели фотографија на која се гледа дека Кристијан го доби посакуваниот подарок, во коментарите се изјаснија и злонамерни јазици.

Еден од коментарите на овој пост на Фејсбук беше:

„Мојот син 18-тиот роденден го прослави на покривот подавајќи му на татко му плочки за куќата. Тони го сакам, но во 18-тите години се појавува „тато“ со нова гитара, ало?! Само се надевам дека Јуниор нема да подлегне на славата низ дрогата и алкохолот. Респект за мајката.“

Screenshot_7

А потоа на тоа возврати и хрватскиот пејач:

„Сосема погрешно. Кој вели дека дури сега се појавувам. Грозни сте. Срам да ви е со такви злобни коментари. Само запаметив што сака детето и го изненадив. Навистина не ги разбирам малодушните и страшно паметни луѓе кои робуваат самите на својот лажен морал.“

Инаку, Тони пред некое време откри дека неговиот син го наследил неговиот пејачки талент и дека уште како мал имал идеја заедно да настапуваат. До тоа уште не дошло, но со оглед на тоа што доби гитара, можеби може да очекуваме некој дует.

- Реклама -