Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ – Жарко Луковски, денеска во улога на сведок вторпат давал исказ пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, дознаваат медиумите.
Луковски и претходно сведочел пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот, но овојпат, според информации на „НОВА ТВ“, исказот бил даден по негово барање, со желба да го дополни претходниот.
Во случајот „Базни станици“, Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3.5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, на штета на акционерите на „Т-мобиле“, меѓу кои е и државата. Во еден од разговорите меѓу првоосомничениот – Бојан Јовановски и оштетениот бизнисмен – Орце Камчев, објавени од италијанскиот весник „Ла Верита“, Боки 13 спомнува дека Луковски завршил работа за случајот со базните станици, и во СЈО, и во Владата. Повеќе ТУКА.