СОСТОЈКИ:
250 гр. кори за пита
250 гр. сирење
25 гр. маргарин
80 мл. масло
3 јајца
150 мл. минерална вода
ПОДГОТОВКА:
Спремете вангла со ладна вода и ставете ги корите за да бидат сочни.
Изматете во сад јајца со масло, па изронете сирење.
Премачкајте плех со маргарин и ставете кора. Ако е скината од водата не грижете се.
Ставете фил и ставете нов слој мокри згужвани кори. Така додека не ги потрошите корите и состојките.
Горе завршете со кора.
Ставете парчиња маргарин горе да биде мека, па печете на 180 степени додека не добие златна боја.