Зграда на иднината: Бело дрво

Замислете луксузна станбена зграда во која претстојот би изгледал како да сте под отворено небо, со огромни прозорци и просторни тераси кои наликуваат на гранки од дрво.

За такво нешто повеќе не мора да чекате- вие само треба да се преселите во Монпелје и, се разбира, да се осигурате дека имате доволно финансии за тоа да си го дозволите тоа.

Овие воодушевувачки блок станови наменети за купци со подлабок џеб наскоро треба да се изгради во град на југот на Франција, а поради специфичниот изглед и дизајн, победи на неодамнешниот конкурс и е наречен „Бело дрво“.

Во кулата од 17 кат освен станови, би требало да има и ресторан, уметничка галерија, канцеларии, бар со панорамски поглед…

Како и дрвото во прородата, зградата ќе биде снабдена со што е можно повеќе природни ресурси, па така ќе има камин на соларен погон.

Проектот бил создаден во соработка на јапонскиот архитект Су Фуџимото и две француски фирми “Nicolas Laisne Associates” и “Manal Rachdi Oxo”.

- Реклама -